„Некогаш преполн со млади, студентски живот и нови идеи, денес Битола сè почесто се соочува со едно прашање – дали градот полека останува без својата иднина? Сè повеќе млади ги пакуваат куферите и заминуваат во потрага по подобро платена работа и посигурен живот. Додека едни гледаат шанса во странство, други се прашуваат што треба да се промени за Битола повторно да биде град во кој вреди да се остане.“
„Иако градот нуди богата културна традиција, многумина сметаат дека тоа не е доволно. Недостатокот на добро платени работни места, ограничените можности за напредок и чувството дека нема доволно перспектива се најчестите причини што ги наведуваат младите.“
И се почесто се прашуваме:
„Дали Битола им нуди доволно можности на младите?“
„Што најмногу му недостига на градот?“
„Дали би останале да живеете тука ако имате подобра понуда во странство?“
„Според граѓаните, на Битола ѝ се потребни нови инвестиции, повеќе работни места, повисоки плати и услови што ќе им дадат причина на младите да ја градат својата иднина токму овде. Во спротивно, иселувањето ќе продолжи да го менува ликот на градот.“
Битола и понатаму останува град со богата историја, препознатлива архитектура и силен дух. Но, предизвикот не е само да се зачува минатото, туку да се создаде иднина во која младите ќе изберат да останат. Прашањето е дали таа промена ќе дојде навреме