Финансиските извештаи за 2025 година покажуваат дека четирите најголеми јавни претпријатија во Битола работеле со негативен финансиски резултат. Според завршните сметки усвоени од Советот на Општина Битола, вкупната загуба изнесува околу 130 милиони денари, односно приближно 2,1 милион евра.
денари, односно приближно 2,1 милион евра.
Поединечно, состојбата е следна:
ЈКП „Водовод“ – загуба од околу 53 милиони денари.
ЈП „Комуналец“ – загуба од околу 53 милиони денари.
КЈП „Нискоградба“ – загуба од околу 20 милиони денари.
ЈП „Пазари“ – загуба од околу 2,2 милиони денари.
Најголемиот дел од вкупната загуба го носат „Водовод“ и „Комуналец“, кои заедно имаат повеќе од 106 милиони денари негативен финансиски резултат. Кај „Нискоградба“ загубата е околу 20 милиони денари, додека „Пазари“ ја завршиле годината со загуба од 2,2 милиони денари.
Овие резултати беа предмет на разгледување и усвојување на седниците на Советот на Општина Битола, каде беа презентирани завршните сметки и годишните извештаи за работењето на јавните претпријатија за 2025 година.
На веб-страницата на Општина Битола има програми и извештаи, но не и полугодишните финансиски извештаи на јавните претпријатија за 2026 година. Граѓаните очекуваат да можат да се информираат со објавувањето на полугодишните извештаи за 2026,останува прашањето дали ќе ги објават?