Во Ресен, Битола и Демир Хисар повеќе нема излевање на реките,нивото на водата е значително намалено

Состојбата со обилните врнежи низ државата е стабилизирана. Во Ресен, Битола и Демир Хисар повеќе нема излевање на реките, а нивото на водата е значително намалено и во опаѓање. Одронот на патот Битола – Кичево кај с. Железнец е целосно расчистен.

Во Охрид, по навлегувањето вода во подруми и дворови, сите надлежни служби интервенираа и каналите се расчистуваат; водостоите се во благо опаѓање.

Во Скопје, Штип, Велес, Неготино, Кавадарци, Свети Николе, Струмица, Тетово и Куманово нема пријави за нарушување на редовната состојба и нема излевања на реките. Сите региони се во стабилна состојба.

ЦУК

Прочитајте за ...

Leave a Comment