СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи oд снег има на Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
- На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10.01.2026 г. до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи oд снег има на Попова Шапка.