Пристигна редовниот извештај од СВР Битола дневен билтен ова се најновите евидентирани настани
СВР Битола
27.02.2026
На 27.02.2026 во 00:30 часот на ул.„Круме Јоскоски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.М.(23) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 26.02.2026 во 18:10 часот на патот Прилеп-Ресен, кај место викано „Тунелот” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.М.(20) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.М., при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.02.2026 во 12:30 часот на ул.„Дојранска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Р. од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Р., при што било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.02.2026 во 13:30 часот на ул.„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Ѓ.(18) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат” со прилепски регистарски ознаки, управуван од В.Ѓ., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.