Променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните и источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено и силен ветер од северен правец (над 70 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
До средината на следната седмица ќе се задржи променливо облачно и потопло време потоа дневната температура ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во среда ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а од попладневните часови и во четврток ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер кој наместа ќе надминува 50 km/h. Во петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.