И додека другите општини се грижат за граѓаните редовно ,во Битола нема ни поставени на локации низ градот контејнери за кабаст отпад
Во Гази Баба поставуваат контејнери за кабаст отпад за граѓаните да можат легално и организирано да се ослободат од стариот мебел, бела техника и другиот крупен отпад. А што правиме во Битола?
Градот е преполн со диви депонии, кабаст отпад оставен покрај стандардните контејнери, по улици и на излезите од населбите. Наместо системско решение, граѓаните секојдневно гледаат купишта ѓубре кои со месеци стојат несобрани.
Дали надлежните имаат план да постават контејнери за кабаст отпад како што тоа го прават други општини? Дали постои организирана услуга за собирање на ваков отпад и дали се наплаќа?
Време е за конкретни мерки, а не само за констатации дека градот е валкан. Битола заслужува почиста и поуредена средина.