Во среда се празнува Покров на Пресвета Богородица

Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите застапнички молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно…

прочитај повеќе

ВРЕМЕТО УТРЕ: Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд

Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови. Поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во Скопје, облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец УХМР

прочитај повеќе

Денес, овој архитектонски бисер во срцето на Битола сè уште сведочи за богатото минато на градот

Дворот на училиштето неодамна беше обновен со спортски терени за кошарка и ракомет, кои навечер се целосно осветлени со рефлектори и се користат за спорт и рекреација на младите ОУ Гоце Делчев Битола

прочитај повеќе

Kај контејнерите во Пелагонка 2 повторно почнува да се создава депонија?

На локацијата кај контејнерите во населбата Пелагонка 2, која претходно беше исчистена од страна на надлежните служби, повторно почнува да се создава депонија. Иако помина одредено време откако просторот беше комплетно расчистен, на местото веќе се забележуваат првите знаци на ново натрупување смет. Ситуацијата во моментов сè уште не е хаотична како претходно, но доколку не се реагира навреме, локацијата набрзо ризикува повторно да се претвори во дива депонија.

прочитај повеќе

Денеска се празнува Свети Киријак Отшелник,тој цел живот го посветил на молитва

Православните верници на 12 октомври го одбележуваат споменот на Преподобниот Киријак Отшелник, светец кој целиот свој живот го посветил на молитвата, постот и духовниот подвиг. Свети Киријак потекнувал од Коринт, од побожно семејство. Уште како млад покажувал голема љубов кон верата и Светото писмо, а на 18-годишна возраст заминал во Ерусалим, каде што го започнал својот монашки живот. Во текот на годините, тој живеел под духовно раководство на познати монаси и се посветил на строг пост, молитва и осаменост. Поголемиот дел од животот го поминал во манастири и во пустината,…

прочитај повеќе