Еве ги дневните евидентирани настани на СВР Битола
На 17.02.2026 во 22:50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишија од слобода 37-годишната С.Ј.М. од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај на ул.„Страшо Пинџур“ во Прилеп, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувала и по преземени мерки било констатирано дека С.Ј.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,77 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против неа биде поднесена соодветна пријава.
На 17.02.2026 во 19:20 часот во с.Ропотово, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово лишија од слобода 16-годишник од с.Дебреште, општина Долнени. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото, без претходно положен возачки испит. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.
На 17.02.2026 во 09:15 часот во СВР Битола, 30-годишна битолчанка пријави дека била физички нападната од нејзиниот сопруг С.А., кој употребил остар предмет и ѝ нанел повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 17.02.2026 во 13:30 часот во Полициското одделение Кривогаштани е пријавено дека на 16.02.2026 околу 21:15 часот во спортска обложувалница во с.Воѓани, Д.К. од с.Бела Црква го нарушил јавниот ред и мир и оштетил дел од инвентарот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.