Обиколницата околу Битола е целосно затворена за сообраќај од вчера во 18:30 часот поради појава на свлечиште. Како што информираат од АМСМ, возилата во моментов се пренасочуваат низ улиците во градот Битола.
„Екипите на Ј.П Македонија Пат работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на сообраќајот“, соопштија од АМСМ.