Со процесот на отпочнување на преговорите со ЕУ се наметна и потребата од усогласување со европското законодавство и воспоставување правна рамка за негова примена.

Конкретно, ова се однесува и на Директивата 2014/52/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 16 април 2014 година за изменување на Директивата 2011/92/ЕУ за оцена на влијанијата на одредени јавни и приватни проекти врз животната средина, донесена од Европскиот парламент и Советот на 13 декември 2011 година.
Според законодавството на Европската Унија, со оваа директива се хармонизираат начелата за оцена на влијанијата врз животната средина на проектите преку воведување минимални барања во самите проекти кои се оценуваат, главните обврски на носителите на проектите, како и учеството на надлежните органи и јавноста.
Тоа придонесува за зголемување на нивото на заштита на животната средина и човечкото здравје.
Со донесувањето на Законот за животната средина ќе се овозможи:
• зачувување, обновување и унапредување на квалитетот на животната средина;
• обезбедување висок степен на заштита на животот и здравјето на луѓето;
• заштита на биолошката разновидност и спречување на деградацијата на екосистемите;
• рационално и одржливо користење на природните богатства;
• зачувување на вредноста на културното наследство за општеството;
• спроведување и унапредување на мерките за решавање на регионалните и глобалните проблеми во животната средина;
• воспоставување еквивалентни барања за заштита на животната средина за сите видови проекти, согласно влијанието што го имаат од вршењето на дејноста или активноста;
• намалување, избегнување и спречување на ризиците од настанување големи несреќи и/или катастрофи со импликации за веројатноста од значајни штетни влијанија врз животната средина;
• зајакнување на транспарентноста и јавниот пристап до информации за животната средина.
Исто така, во овој предлог-закон се врши дополнување на висината на надоместоците за увоз и извоз, како и на надоместоците за правни и физички лица кои ја загадуваат животната средина со користење пловни објекти и трактори, и се дефинираат супстанциите кои ја осиромашуваат озонската обвивка согласно Монтреалскиот протокол.
Фб објава на пратеникот Пеце Милевски
Преземено/скриншот
