СВР Битола 22.09.2026
На 22.09.2026 во 03:30 часот на ул„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Х.П.(20) од Прилеп затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.09.2026 во 18.15 часот во с.Воѓани, општина Кривогаштани, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ш.Х.(34) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген пасат” без регистарски ознаки, управуван од Ш.Х., при што било констатирано дека не поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.09.2026 во 16:00 часот на планинскиот превој ,,Барбарас” – Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод ги лишија од слобода Е.А.(31), Е.Д.(39) и Е.И.(35), сите од с. Дебреште, општина Долнени. При извршување службени дејствија, полициските службеници затекнале паркирано патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, каде на управувачкото место бил Е.И., а сопатници биле Е.А. и Е.Д., при што во возилото е пронајдена ловечка пушка без соодветна дозвола за поседување и носење и пет патрони, како и батериски ламби . По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.09.2026 во 21:30 часот во СВР Битола, 45-годишна битолчака пријавила дека во семејниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот сопруг со кого е во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 21.09.2026 во 03:20 часот во Полициското одделение Кривогаштани, З.Г. од с.Бела Црква пријавил дека околу 03:00 часот во неговиот дом влегле две маскирани машки лица, физички го нападнале и му одзеле пари, а потоа превртувале во покуќнината, по што побегнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.