Секторот за Внатрешни работи од Битола известува дека вчера во 16 часот на Широк Сокак , полициските службеници лишиле од слобода лице од Велес со претстој во Битола. Велешанецот се однесувал недолично и го нарушил јавниот ред и мир.
Еве ги деталите од полицијата:
На 16.11.2025 во 16:00 часот на ул.„Широк Сокак” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.Р. од Велес, со престој во Битола, затоа што го нарушил јавниот ред и мирсо недолично однесување. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
фото архива на topnovost.mk