Во Битолско и Ресенско се регистрирани повеќе одрони и поединечни поплавени објекти, а екипите работат на расчистување на терен и на речни корита. Нивото на Црна Река е благо покачено.
Во Прилепско, Крушевско и Кичевско има појави на одрони, но без нови штети.
Состојбата со врнежите низ државата е стабилна. Водотеците се зголемени, но без непосредна закана од излевање. Сите регионални патишта се проодни и сообраќајот се одвива по влажни коловози.
Во источниот регион има слаби врнежи и ситни одрони на неколку патни правци, кои се навремено расчистуваат.
Во Скопје е пријавено локално поплавување на еден станбен објект.
Во Старо Нагоричане реката Пчиња се има излеано на неколку локации, без зафатени домови; се отстранува насобраната дрвена маса кај Коински мост.
Од страна на ЦУК сите надлежни институции се известени за овие појави и веќе интензивно се работи на отсранување на истите.известуваат од ЦУК