Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови на земјата, соопшти УХМР.

На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои повисоки места се очекува мешавина од дожд и снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од 3 до 8°C, а максималната ќе достигне од 6 до 11°C.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 5 до 9 степени.

Прочитајте за ...

Leave a Comment