Обилните врнежи од дожд го исчистија Драгор во срцето на Битола.
Но да почнеме по ред, несовесните граѓани, смет , непотребна бела техника, теписи, фотелји, градежен шут,накратко се она што не им треба знаеа да го фрлат токму во реката Драгор за што сведочат и многубројните фотографии
Во прилог фотографии Комуналец на терен , комуналните работници го собираат сметот од коритото на Драгор, ова е во близина на старата битолска чаршија над Ат пазар, овде и заградуваа бидејќи, штом комуналните работници ќе исчистеа, повторно несовесните фрлаа и повторно Драгор депонија



Ужасна слика и некултура за град познат како Конзулски… како џунгла ама во град.
Надлежните работеа, Комуналец и Нискоградба



но сепак вистинското лице на оваа река го видовме по обилните врнежи на дожд. Неколку денови по ред Драгор носеше се пред себе со голем водотек и целосно го исчисти од се само од едно не, од срамот на неодговорни граѓани кои редовно го загадуваат .

Механизацијата на Нискоградба Битола пред 5 дена беше на терен со интервенција ,чистење на наноси во коритото на реката Драгор во градот


за денес Драгор да е чист како никогаш порано

ВИДЕО ЛИНКhttps://www.facebook.com/reel/1432435998403533
Целта на оваа објава е реакција на многу граѓани на Битола кои апелираат за високи казни, камери на мостовите за Драгор да остане чист…ви пренесуваме дел од коментарите напишани од битолчани а се однесуваат на реката Драгор а можете да ги прочитате на овој линкhttps://www.facebook.com/reel/1432435998403533/?__cft__[0]=AZVbKxGk8c54trnTT_K8VChhR2_Nvc3TQZXosORP7fs0jlnLg_0ouFDrZ0gu517occ7EP4PZ4yjvOe3Qb9QocBcnWwYLYU1tdcYUoPoucXv4HgZngJgRsKOxANBnp626jPorVAaNzwW_dL3RDHyG9CFFqgJj7tE0Nb8gZYgRgm5SadL1Z-BPI50UAqJjAD_tItw&__tn__=%2CP-R
И ние се прашуваме до кога битолскиот бисер Драгор ќе биде вака чист ?
Имајќи предвид за реакциите на граѓаните кои надминуваат висока бројка , јасно е дека помала група несовесни луѓе фрлаат се во Драгор и го загадуваат. Мнозинството од секогаш победувало па веројатно градот ќе изнајде решение како Драгор да е навистина Битолски бисер и ќе го заштити.