СВР Битола дневен билтен
На 01.12.2025 во 10:13 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, кај превој Буково, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода М.Л.(24) од с.Белчишта, општина Дебарца. При контрола во сообраќајот со радар констатирано е дека управувал патничко возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 70 километри на час. По целосно документирање на настанот, против М.Л. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.