Официјална информација од СВР Битола
настани дневен билтен СВР Битола 12 декември 2025
СВР Битола
12.12.2025
На 11.12.2025 во 16:00 часот во СВР Битола, Х.Ѓ.(27) од с.Бистрица, битолско, пријавила дека на 10.12.2025 во 19:20 часот во спортска сала „Боро Чурлевски” во Битола, за време не ракометниот натпревар помеѓу РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар од Скопје, била погодена со тврд предмет во лицето и се здобила со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 11.12.2025 во 13:45 часот, со наредба од Основен суд Битола, полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во куќа сопственост на А.Н.(49)од с.Трновци, битолско. При претресот е пронајдено пневматско оружје, сигнален пиштол, рамка и 62 парчиња муниција. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.12.2025 во 08:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на детско оделение Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе на возраст од осум дена. По наредба на јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција. .
На 11.12.2025 во 17:00 часот, врз основа на наредба од Основен суд Прилеп, полициски службеници од ОВР Крушево извршиле претрес во домот и помошните простории сопственост на М.М.(47) во с.Пресил, крушевско. При претресот се пронајдени воздушна пушка, 10 патрони за ловечка пушка и колан за ловечки патрони кои се предмет на прекршок по член 27 од Законот за оружје. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 11.12.2025 во 15:30 часот на место викано паркинг Штавица на патот Витолиште-Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина ги лишија од слобода С.А.(46), Х.Ј.Ј.(48), П.Т.(46) и 16-годишник, сите од Шведска, како и Д.М.(76) од Кавадарци и К.М. (66) од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело по член 228 од Кривичниот законик – „незаконит лов“. При контрола на патничко возило „мерцедес” со шведски национални ознаки, кое го управувал С.А., а другите лица биле сопатници, пронајдени се шест ловечки пушки, како и пакување со свежо месо исечено на парчиња.
Тие се задржани во ОВР Прилеп и по целосно документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.