ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ИСУС
Божиќен колач е вид на овошен колач што се служи на Божиќ во многу земји. Може да биде во било која форма и големина, со било кој состав или декорација. Во многу земји, божиќниот колач се украсува со куќичка, елка, ликот на Дедо Мраз, и други новогодишни детали. Во Македонија, за Божиќ традиционално се подготвува сув колач со суво овошје.
Во Шкотска, божиќниот колач се подготвува со виски, суво грозје, кандирани цреши и друг вид на кандирано овошје, според рецепт кој потекнува од градот Данди. Во Јоркшир, божиќниот колач се јаде со сирење. Во Германија, традиционалниот божиќен колач е сувиот овошен колач Штолен. Во Италија се подготвува вид на леб од кисело тесто, што содржи суво грозје и друг вид на кандирано овошје. На Кипар, божиќниот колач се служи на Божиќ, и тоа е првото нешто што домаќинот го нуди на своите гости