пет. Ное 13th, 2026

Паѓаат температурите , утре Битола – 12, битолчани ќе се спремат за низ Широк сокак на кафе

Епа време е според температурите таман е за да се спремат битолчани за на кафе низ Широк сокак, бидејќи одамна познато е дека и колку да е ладно и минус 20 тие не пропуштаат да си се напијат кафе и да си прошетаат.

Гајле си немаат навикнати се па ако ги прашаш не ви е ладно да се шетате по кафина ќе се зачудат бидејќи и на пониски температурии тие си функционираат и минус 12 за Битола ништо не е

ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.- извести УХМР

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *