Комуналец Битола извести дека рано утрово било опожарено дрво-реквизит во градскиот парк. За настанот се известени територијалната противпожарна единица и МВР Битола. ЈП Комуналец упатува апел до граѓаните повнимателно да постапуваат со објектите и предметите во паркот и да се воздржат од намерно оштетување на истите.
