
„Градот тоне… но не во вода, туку во ветувања?
Се крпи она што треба да се реконструира, се трошат пари, а граѓаните сè уште се без стандарден притисок на вода?
Водовод кој пука по секој притисок ?
Цевки што пукаат, прекини на водоснабдувањето – дали ова е секојдневието во Битола? Наместо долгорочни решенија, имаме привремени „крпења“ и политички слогани?
Дали Битола заслужува повеќе од пукачи и ад-хок решенија?“
Ако е така тогаш се додека не се преземат конкретни чекори, водоводот ќе остане симбол на хронична неефикасност и неодговорно управување.
Дали водоводот во Битола е хроничен проблем што се игнорира?
Годината е 2026, но жителите на Битола сè уште се соочуваат со проблеми кои изгледаат како да се од 20-тиот век. И покрај ветувањата за модернизација, дефектите на водоводната мрежа се секојдневие. Цевки кои пукаат, прекини на водоснабдувањето и намален притисок на водата станаа нормална слика во градот. Дали наместо суштински решенија, јавните претпријатија се задоволуваат со привремени „крпења“ на дотраената инфраструктура?
Ветувањата за дигитализација и модерни технологии се далечни и повеќе звучат како политички слогани отколку реални планови. Пристап до вода и стандарден притисок до домовите на граѓаните на вода е – основно човеково право. Наместо долгорочна стратегија, сведоци сме на ад-хок решенија и краткорочни политички поенти, додека реалните проблеми остануваат нерешени. Доколку Битола навистина сака да го реши овој проблем, неопходни се: Целосен увид во состојбата на водоводната мрежа. Јавно објавени планови со рокови и конкретни одговорни лица. Независен надзор на трошењето на средства. Реална реконструкција, а не привремени „крпења“,не само козметички поправки. Додека овие чекори не се преземат, водоводот ќе остане симбол на хронична неефикасност и неодговорно управување во срцето на Битола.
фото превземено од социјалните мрежи