Додека институциите молчат, жителите на Битола со месеци се снаоѓаат сами – со стар мебел и бела техника натрупани по дворови и со чешми од кои водата едвај тече.
Габаритниот отпад, кој треба организирано да го подига ЈП Комуналец Битола, наместо да заврши на соодветна депонија, стои распаднат зад огради, по тротоари и на рабовите на улиците. Граѓаните велат дека термини за подигање се добиваат по повеќе месеци или воопшто не се добиваат, па се принудени или да чекаат во недоглед или да плаќаат од свој џеб приватен превоз. , Отпадот ни стои во двор како да сме на депонија. Ако не го изнесеш сам, никој нема да дојде,“ револтирано коментира жител од населба во Битола. Проблемот не е само естетски, туку и здравствен. Во зимски услови и врнежи, отпадот се распаѓа, се шири непријатна миризба, а граѓаните стравуваат од појава на глодари и инсекти. Наместо системско решение и јасен распоред, велат, добиваат само оправдувања за недостиг од механизација и кадар. Паралелно со ова, битолчани се соочуваат и со слаб притисок на водата. Во делови од градот, чешмите во одредени периоди речиси пресушуваат. Надлежните пак како причина наведуваат зголемена потрошувачка и застарена мрежа но нема информација дали станува збор и за кражби на вода ниту пак има податоци за евидентирани злоупотреби , диви приклучоци и сл, исто така нема податок јавно објавен колку теренски контроли се извршени, но конкретна временска рамка за санација за овие проблеми засега нема. „Не можеме нормално да се истушираме, машините не работат како што треба. Ова не е прашање на луксуз, туку на основни услови за живот,“ велат граѓани. И додека институциите си ја префрлаат одговорноста и ветуваат „анализи“ и „планови“, реалноста е дека Битола се дави во сопствениот отпад, а водоснабдувањето станува луксуз во одредени делови од градот. Граѓаните бараат јавно објавен распоред за подигање габаритен отпад, транспарентност во работата на претпријатијата и итна реконструкција на водоводната мрежа. Граѓаните често на социјалните мрежи го изразуваат својот став преку коментари или објави на овие теми

