Во секое општество постојат функционери, директори и раководители кои ја носат тежината на одговорноста – или барем така би требало да биде. Но, реалноста често ни покажува поинаква слика. Постојат случаи кога луѓето на позиции, од само ним познати причини, целосно ја занемаруваат својата надлежност. Наместо да бидат двигатели на решенија, тие стануваат пречка за истите.
Неинтересираноста, одложувањето и оттурнувањето на обврските создаваат чувство на разочараност кај граѓаните и вработените кои зависат од нивните одлуки. Уште поразочарувачки е кога не се бара ни максимум, туку само минимум – барем обид, барем мал чекор напред. Но и тоа често изостанува.
Функцијата не треба да биде само привилегија или статусен симбол. Таа е обврска, доверба и одговорност кон луѓето. Кога тие вредности ќе се изгубат, позицијата станува празна форма без суштина.
Промената не доаѓа сама од себе. Таа бара свест, интегритет и волја за работа. Сè додека има раководители кои ја игнорираат својата улога, ќе постои јаз меѓу очекувањата и реалноста. А тој јаз најмногу го чувствуваат токму оние за кои тие позиции постојат.
Автор:Снежана. А