По којзнае кој пат, сведоци сме на срамни и поразителни слики од коритото на нашата река Драгор. И покрај сите апели, акции за чистење и предупредувања, несовесни поединци и понатаму ја третираат реката како депонија за фрлање отпад. Водата носи сè, но срамот останува на брегот! Фрлањето пластика, градежен шут, кеси и секаков вид отпад не е само одраз на елементарна некултура, туку е и директен напад врз здравјето на сите битолчани, врз животната средина и ликот на нашиот град. Реката не е канта за ѓубре
прочитај повеќеДен: д.м.г
Разбиена е криминална група која 15 години била недопирлива за органите на прогонот,вели Тошковски
-Станува збор за разбивање на една организирана криминална група, многу сериозна криминална група којашто добар дел од таа организирана криминална група повеќе од 15-тина години го правела тоа што го правела и биле недопирливи за органите на прогон, истакна Тошковски. Во текот на вчерашниот ден биле извршени околу триесетина претреси, а околу 21 лице ќе бидат опфатени во првичната кривична пријава. Според Тошковски, постојат основани сомненија дека дел од групата во изминатиот период дејствувала и на територијата на Грција, во областа на Халкидики и Калитеа, каде што се сомничи за…
прочитај повеќеИ пред 100 години, Широк Сокак бил центарот на градскиот живот
Повеќето од раскошните неокласични, барокни и ренесансни куќи и конзулати изградени на крајот на XIX век сè уште биле тука, давајќи ѝ на Битола вистински европски лик. Офицерскиот дом бил главното збирaлиште за елитата каде се организирале свечени балови, додека Саат-кулата неуморно го отчукувала времето во срцето на градот. Битола претрпела огромни штети за време на Првата светска војна како дел од Македонскиот фронт. Во 1920-тите сè уште се работело на обнова на разурнатите објекти, а во април 1922 година градот доживеал уште една катастрофа кога експлодирал преостанатиот магацин за…
прочитај повеќеВремето денеска сончево и топло со мала облачност
Октомври ќе започне со вистинска температурна разлика меѓу утрото и попладнето. Во четврток, во Скопје се очекува претежно ведро време, со минимална температура околу 7 степени и максимална до 24 степени. Веројатноста за врнежи е многу мала. Тоа значи дека раното утро ќе бара јакна или потопол слој облека, но попладневните температури повторно ќе бидат пријатни. Во петок, времето ќе биде нешто пооблачно, но температурата повторно ќе достигне околу 24 степени. Утрото ќе биде уште посвежо, со минимални температури околу 6 степени.
прочитај повеќеОбвинение за пет лекари од битолската болница за смрт на 40-годишна пациентка
Битолското обвинителство поднесе обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти под обвинение за несовесно лекување на 40-годишна пациентка, на која и ја влошиле состојбата по што починала. -Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” за сторени – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тие се обвинети дека во периодот од 28.05.2024 до 04.06.2024…
прочитај повеќе