ДОКОГА ЌЕ ГО УНИШТУВАМЕ СОПСТВЕНИОТ ГРАД? ПАК СЕ ФРЛА ЃУБРЕ ВО ДРАГОРОТ!

По којзнае кој пат, сведоци сме на срамни и поразителни слики од коритото на нашата река Драгор.

И покрај сите апели, акции за чистење и предупредувања, несовесни поединци и понатаму ја третираат реката како депонија за фрлање отпад.

Водата носи сè, но срамот останува на брегот!

Фрлањето пластика, градежен шут, кеси и секаков вид отпад не е само одраз на елементарна некултура, туку е и директен напад врз здравјето на сите битолчани, врз животната средина и ликот на нашиот град.

Реката не е канта за ѓубре

Прочитајте за ...

Leave a Comment