Слоештица е вистински природен и културен бисер, сместен во пазувите на прекрасниот Демирхисарски крај

Ова живописно ридско село се наоѓа на надморска височина од околу 770 метри, опкружено со густи дабови и букови шуми, чисти планински реки и недопрена природа која го одзема здивот.Селото има длабока традиција и богата историја, но денес е најпрепознатливо како родното место на еден од најголемите македонски писатели, Петре М. Андреевски. Инспирацијата за неговите антологиски дела, како романот „Пиреј“, потекнува токму од овие простори, од душите на луѓето кои живееле овде и од суровата, но магична убавина на демирхисарскиот пејзаж. Неговиот дух сè уште живее низ сокаците на Слоештица,…

прочитај повеќе

Почеток на црковната година

Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16), месец на собирање на плодовите и принесување жртви на благодарност кон Бога. Во времето на ова празнување Господ Исус влезе во синагогата во Назарет и ја отвори книгата на Пророкот Исаија и ги прочита зборовите: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза за да им благовестам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените отпуштање и на слепите прогледување;…

прочитај повеќе

Легендата за Свети Наум и мечката

Според народното предание, во времето кога се градел манастирот или кога манастирскиот имот се обработувал, еден сиромашен селанец со својот вол одел на нива за да ора. Одеднаш, од густата шума на планината Галичица излегла голема, гладна мечка и пред очите на селанецот го нападнала и го удавила едниот вол. Очаен и уплашен, селанецот почнал гласно да плаче и да го повикува на помош Свети Наум Чудотворец:„Свети Науме, помогни ми! Со што сега ќе ја орам нивата и со што ќе го прехранам семејството?“Светителот, кој ги слушал молитвите на искрените…

прочитај повеќе

Сончево време со температура до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

прочитај повеќе

Кавадаречките пожарникари ќе продолжат со интервенцијата и во текот на ноќта

Пожарот во кавадаречкиот регион и натаму е активен, а негово целосно ставање под контрола во текот на вечерта не е можно, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. -Во гаснењето учествуваат четири пинцгауери, два унимога, камион на Шумското стопанство, два џипа и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, а од 18:00 часот во акцијата ќе се вклучат и два хеликоптери на Министерството за внатрешни работи и Армијата, објави на Фејсбук градоначалникот Јанчев.

прочитај повеќе

Попладне дожд,грмежи и засилен ветар

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град. УХМР

прочитај повеќе

Летните одмори веќе започнаа за оние со повисоки плати, а што е со оние кои едвај го поминуваат месецот?

Додека едни ги полнат куферите и заминуваат на море, многу семејства размислуваат како да ги платат сметките и основните животни трошоци. Одморот не треба да биде луксуз достапен само за мал број луѓе, туку можност секој работник да се одмори по една година труд и работа. Време е повеќе да се зборува за ниските плати, растечките цени и сè потешкиот животен стандард. Достоинствен живот и заслужен одмор треба да бидат право за сите, а не привилегија за малкумина

прочитај повеќе

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5 часот и 36 минути, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга. -Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала-наведуваат од Сеизмолошката опсерваторија. Од таму апелираат до граѓаните, доколку го почувствувале земјотресот, да придонесат во сеизмолошките истражувања со пополнување на прашалникот за почувствуваност достапен на веб…

прочитај повеќе

Светиот цар Константин и Светата царица Елена

Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да…

прочитај повеќе

Македонија во четврток ќе остане под влијание на нестабилна воздушна маса

Македонија во четврток ќе остане под влијание на нестабилна воздушна маса Македонија во четврток ќе остане под влијание на нестабилна воздушна маса, со променливо облачно време, сончеви периоди и попладневни услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места. Локално, атмосферските процеси може да бидат поинтензивни, особено во попладневните часови. Според најавата на УХМР, времето на 28 мај ќе биде нестабилно, со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека температурите ќе останат во пролетен, но променлив интервал. Во Скопската Котлина се очекуваат сончеви периоди, но попладне…

прочитај повеќе