Простувањето како врвна моќ

Честопати живееме во заблуда дека силата се мери со острината на зборовите кои ги враќаме како одмазда или со гордоста која ја креваме како штит пред оние што ни згрешиле. Мислиме дека ако попуштиме, ако простиме и ако дозволиме минатото да избледе, ќе изгледаме мали, немоќни и поразени во очите на светот. Но, вистината е сосема поинаква. За да задржиш лутина, гнев и омраза во срцето, не ти треба посебна сила – за тоа е доволно само егото. Но, за да погледнеш некого во очи, да ја препознаеш неговата човечка…

прочитај повеќе

Прво глувци на улица, потоа надлежните на терен?

На Фејсбук групата “Кисела Вода – Пријави Проблем” граѓани споделуваат фотографии од прегазени глувци во Драчево. Дури откако сликите се раширија по мрежите и стигнаа до медиумите, Општина Центар најави вонредна дератизација на критичните локации. Стандардна процедура: граѓаните пријавуваат, глувците шетаат, па надлежните излегуваат на терен Дали  системот работи: прво мора да се појават глувците, да се сликаат, да станат вест  , па да се сети некој дека треба да се излезе на терен?

прочитај повеќе

Светите и праведни богоотци Јоаким и Ана – од нивната молитва до радоста на целиот свет

Во деновите кога Црквата го празнува Рождеството на Пресвета Богородица, погледот не може да не се насочи и кон оние преку кои Бог ја подготвил оваа голема тајна – светите и праведни богоотци Јоаким и Ана. Нивната животна приказна е приказна за долгото чекање, за молитвата што не престанува и за довербата во Бога дури и тогаш кога човечката надеж изгледа речиси исцрпена. Јоаким бил од Давидовиот род, а Ана од свештеничкиот род, и двајцата живееле побожен и богоугоден живот. Иако биле во напредна возраст и немале деца, тие не…

прочитај повеќе

Дневен билтен СВР Битола

СВР Битола 22.09.2026 На 22.09.2026 во 03:30 часот на ул„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Х.П.(20) од Прилеп затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. На 21.09.2026 во 18.15 часот во с.Воѓани, општина Кривогаштани, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ш.Х.(34) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген пасат” без регистарски ознаки, управуван од Ш.Х., при што било констатирано дека не поседува возачка дозвола. По документирање…

прочитај повеќе

Македонија се соочува со најсериозната демографска криза во својата модерна историја

Училиштата се празнат, градовите стареат, а плачот на новороденчињата во родилните сали станува сè поредок феномен. Најновите дефинитивни податоци на Државниот завод за статистика го потврдуваат она од што јавноста најмногу стравуваше – бројот на новородени деца во земјава не само што не напредува, туку е во слободен пад.Официјалните бројки за последните три години покажуваат континуиран негативен тренд.Во 2023 година во Македонија се родени 16.737 деца, што претставуваше остар пад од дури 7,4% во споредба со претходната година.Трендот продолжи и во 2024 година, кога бројката падна на 16.061 дете Најновите…

прочитај повеќе

Денес е празник на Светите Јоаким и Ана

Свети Јоаким беше син на Варпафир, од Јудиното колено, и потомок на царот Давид. Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од коленото Левиево, како и првосвештеникот Арон. Тој Матан имаше три ќерки: Марија, Совија и Ана. Марија се омажи во Витлеем и ја роди Саломија; Совија се омажи исто така во Витлеем и ја роди Елисавета, мајката на свети Јован Предвесник; а Ана се омажи во Назарет за Јоаким и во својата старост ја роди Пресвета Богородица. Јоаким и Ана живееја во брак педесет години и беа бесплодни. Живеја богоугодно…

прочитај повеќе

„Молкот на управата“ останува главен проблем за слободниот пристап до информации и во 2025 година

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе го разгледа Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година. Документот, кој веќе е јавно достапен на веб-страницата на Собранието, нотира сериозни предизвици во транспарентноста на државните и локалните институции. Клучни бројки од извештајот за 2025 година: 626 вкупно поднесени жалби до Агенцијата во текот на изминатата година. 438 жалби (дури 69,96 отсто) се однесувале директно на непостапување, односно игнорирање на барањата од страна на имателите на информации.…

прочитај повеќе

До сабота стабилно време потоа дожд и заладување

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени…

прочитај повеќе

Денес е ден и на св. прoрoк Мoјсeј Бoгoвидeц

17 септември/4 септември ( по стар стил) Гoлeм вoдач и закoнoдавeц на нарoдoт израилски. Рoдeн e вo Eгипeт oкoлу 1550 гoдини прeд Христа. Чeтириeсeт гoдини живeeл вo Eгипeт на двoрoт Фараoнoв; а пoслeднитe чeтириeсeт гoдини живeeл какo пастир вo сoзeрцаниe на Бoга и на свeтoт, а чeтириeсeт пoслeдни гoдини гo вoдeл нарoдoт низ пустината вo Вeтeната Зeмја, кoја ја видeл, нo вo нeа нe влeгoл затoа штo вo eднo Му згрeшил на Бoга (IV Мoј. 20:12). Сe упoкoил вo 120. гoдина oд свoјoт живoт. Какo чудoтвoрeц бил праoбраз на Христа,…

прочитај повеќе

Слоештица е вистински природен и културен бисер, сместен во пазувите на прекрасниот Демирхисарски крај

Ова живописно ридско село се наоѓа на надморска височина од околу 770 метри, опкружено со густи дабови и букови шуми, чисти планински реки и недопрена природа која го одзема здивот.Селото има длабока традиција и богата историја, но денес е најпрепознатливо како родното место на еден од најголемите македонски писатели, Петре М. Андреевски. Инспирацијата за неговите антологиски дела, како романот „Пиреј“, потекнува токму од овие простори, од душите на луѓето кои живееле овде и од суровата, но магична убавина на демирхисарскиот пејзаж. Неговиот дух сè уште живее низ сокаците на Слоештица,…

прочитај повеќе