Градоначалникот на Битола најави изградба на шест нови паркинг-простори на повеќе локации во Битола, со цел да се намали недостигот на паркинг места и да се подобри сообраќајот во градот.
Според најавите, нови паркинзи се планирани кај Овчи пазар, Ат пазар, во поранешната Касарна, на улицата „Браќа Џаферови“, кај „Кифлата“ и локацијата „Хеликоптерот“.
Иако проектот е дел од поширок план за модернизација на инфраструктурата, засега не е соопштен конкретен рок до кога паркинзите ќе бидат завршени, туку само дека се во фаза на планирање и реализација.
Со изградбата се очекува да се намали сообраќајниот метеж и да се подобрат условите за паркирање, особено во централното градско подрачје.