Додека во Битола граѓаните се даваат на извршители за комунален отпад, за вода ако има тужени не ги интересира за мерка со која би им се помогнало на корисниците да се надмини проблемот?Самохрани родители,жртви на семејно насилство.ранлива група на граѓани остануваат да тонат во проблеми бидејќи надлежните битолски лица не ги интересира?Дали и битолчани не заслужуваат да има акција – мерка со која ќе им се помогне или ќе се остават да тонат водолгови во време кога се е поскапено?
Еве ја скопската акција
Јавното претпријатие ЈП Комунална хигиена-Скопје информира дека започна акција наменета за корисниците кои имаат заостанати долгови евидентирани преку ЈП Водовод и канализација-Скопје, по основ на неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад.
Со оваа мерка, на граѓаните им се овозможува да ги подмират своите обврски без пресметување камата за задоцнето плаќање. Акцијата се однесува и на редовни и на тужени долгови, со цел да се олесни нивното сервисирање.
Од претпријатието посочуваат дека можноста за отплата без камата е временски ограничена и ќе трае од 20 април до 5 јуни 2026 година, објави 4news.mk Во овој период, корисниците ќе можат да ги регулираат своите обврски под поволни услови.
Апелираат граѓаните да ја искористат оваа можност и навремено да ги подмират долговите, со што ќе избегнат дополнителни трошоци во иднина.