Во деловниот и социјалниот свет, зборот „професионалец“ често се користи како штит за суетата
Но, вистинскиот професионализам не се докажува со наметнување моќ, туку со интегритет. Најголемиот парадокс на денешницата се оние кои се китат со титули, додека истовремено применуваат методи кои го поништуваат секое човечко и професионално право. Каква е таа професионалност ако другиот се ограничува и дискриминира? Поставувањето вештачки бариери, селективното делење на правата и понижувањето на луѓето врз која било основа е директен напад врз човечкото достоинство. Вистинскиот професионализам создава простор за развој, еднаквост и фер-игра. Дискриминацијата е алатка на оние кои можат да опстанат само ако ги држат другите во сенка. Каква е таа професионалност ако се гради врз лаги? Лагата, измамата и манипулацијата се тотална спротивност на етиката. Оној кој лаже за да ја задржи својата позиција или да ја скрие својата неспособност, веќе ја изгубил битката на моралната мапа. Професионализмот не трпи лицемерие. Не можеш да бараш почит ако сееш цензура. Не можеш да бараш лојалност ако практикуваш дискриминација. И пред сè – не можеш да бидеш професионалец, ако прво не си човек. Вистинскиот професионалец се препознава по тоа како се однесува кон другите
Лажната колегијалност како оружје на неспособните? Во новинарскиот свет често се колнеме во солидарност, поддршка и професионални стандарди. Но, вистинското лице на еден човек не се гледа на големите говори, туку на малите, секојдневни гестови. Се гледа во моментот кога ќе му подадеш рака за соработка, а за возврат ќе добиеш лага и затворена врата. Ова е колумна за една „колешка“ новинарка. Жена која реши својот лажен авторитет и суета да ги нахрани со тоа што ќе излаже и ќе блокира најобична техничка соработка. Професионализам или ситна саботажа? Што вели за тебе како професионалец фактот што на барање за обична листа на новинари за прес-конференција, Одговорот „да, ќе ти пратам“, проследен со молк и игнорирање, не е само некултура. Тоа е свесна лага Тоа е себичност дека некој друг ќе организира настан, дека некој друг ќе го привлече вниманието, дека некој друг вреди повеќе. Кога на колега му го одземаш или му го криеш алатот за работа, ти не си професионалец – ти си чувар на сопствениот комплекс на пониска вредност. Каква е таа суета што се храни со лаги? Лагата е секогаш алатка на немоќните. Оној кој има капацитет, знаење и вистинско име во професијата, нема потреба да крие контакти или да подметнува нога. Вистинските професионалци отвораат врати за другите, бидејќи се сигурни во својот квалитет. Оние другите, „инсталираните“ со врски и суета, преживуваат само ако ги држат информациите во тајност и ако ги сопнуваат своите колеги. Тоа покажува дека маската на професионализмот што ја носиш во јавноста е само евтина шминка која се разлева при првиот тест на човечноста.
Можеш да имаш илјадници следбеници, да седиш на важни столчиња и да глумиш елита, но ако паѓаш на испитот наречен „обична колегијалност“, ти не си новинар. Ти си само натрапник во оваа професија. Почитувана „колешке“, твојата лага не ме сопре, туку само ми покажа со кого си имам работа. Професионалноста не е во тоа колку информации ќе сокриеш за да му наштетиш на другиот, туку колку си голема како човек. А ти, во овој случај, испадна многу мала.






