Дали новите предлог измени на Законот за домување, кои треба да донесат ред, заштита и правна сигурност за граѓаните, уште на самиот старт удираат во најтврдиот бедем на нашето општество – бавната и неефикасна администрација?

Дали додека пратениците во Собранието ќе изгласуваат закони со амбициозни и строги рокови, реалноста на шалтерите е поразителна?Како се очекува граѓаните да ги исполнат своите законски обврски, кога за еден документ треба да се чека повеќе од 30 дена? Дали е ова само несреќна случајност, лош тајминг или уште еден показател за системскиот колапс на институциите кои треба да бидат во служба на народот?

Дали роковите ќе течат, шалтерите ќе молчат?

Најдобар пример за овој апсурд е рокот до 31 декември 2027 година, до кога граѓаните кои живеат во државни или општествени станови ќе мора да поднесат комплетна документација за нивен откуп или закуп? Навидум, време има. Но, во пракса, за да се стигне до тој „спас“, граѓанинот мора да помине низ вистински административен пекол.

Најново е тоа што Измените на Законот за домување сè уште не се изгласани – текстот е повлечен за доработка по реакциите во јавностa

Иако во медиумите претходно беше објавено дека предлог-измените на Законот за домување се доставени до Собранието по скратена постапка, овој законски текст сè уште не е ставен на финално гласање и привремено е повлечен од собраниска процедура на Собранието на Република Северна Македонија.

Првичната намера на Владата и Министерството за транспорт беше регулативата да се донесе брзо, користејќи ги механизмите на скратената постапка. Сепак, поради потребата од дополнително прецизирање на одредбите, текстот е вратен на доработка. Во моментов, Регулаторната комисија за домување спроведува широки јавни консултации за прибирање на забелешки и сугестии од граѓаните со цел да се подобри квалитетот на финалното решение Регулаторната комисија за домување.

Штом Министерството за транспорт ќе ги сублимира сите јавни предлози, конечната верзија на законот повторно ќе биде испратена до пратениците. Се очекува тогаш постапката повторно да биде означена како скратена за да се овозможи негово побрзо стапување на сила.

Но прашањето е следно:

Дали ако за еден документ институцијата го пробие законскиот рок од 30 дена за одговор, се случува домино-ефект?Што во такви случаи?

Дали се создава реален ризик од губење на правото на откуп и соочување со присилно иселување, не по вина на граѓанинот, туку по вина на државата?

Случајност или намерна неефикасност?

Како ќе може да барате одговорност и ажурност од граѓаните кога самите надлежни покажуваат тотална неодговорност?

Кога администрацијата молчи и доцни, таа директно го крши начелото на ефикасност и ја загрозува егзистенцијата на луѓето. Законот за домување не смее да стане алатка за казнување на граѓаните поради неспособноста на системот.

Ако државата навистина сака успешна реализација на овие измени, првиот чекор мора да биде целосна дигитализација, кратење на бирократските процедури и итна одговорност за секој шалтер и институција што ги држи граѓаните во заложништво на нивните задоцнети одговори. Во спротивно, овој закон ќе остане уште едно мртво слово на хартија, кое наместо ред, ќе донесе само нов хаос

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *