Српскиот претседател во заминување, Александар Вучиќ, во последно време драстично го зголеми своето присуство на социјалните мрежи, објавувајќи содржини речиси секој час. Неговата последна објава доаѓа директно од белградскиот локал „Чаци бар“, каде што во опуштена атмосфера пие и наздравува со поддржувачи на неговата Српска напредна партија (СНС) и неколку високи државни функционери.
Покрај забавата со партиските соработници, Вучиќ сподели и видео со сопственикот на прорежимскиот медиум „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ. Во видеото тој се осврна на најавеното гаснење на овој медиум, коментирајќи дека ваквиот потег всушност го означува „почетокот на крајот“ за нивните политички противници кои, според него, не разбрале ништо. Објавата завршува во препознатлив стил, со заедничката порака на двајцата соговорници: „Србија победува“.