Професионалните војници денеска на протест пред Владата: Бараат траен статус и достоинствени плати

Дел од професионалните војници и армиските ветерани денеска во 11:00 часот ќе одржат протест пред зградата на Владата, изразувајќи го своето незадоволство од статусните и материјалните услови во Армијата.

Организаторите од Независниот синдикат на професионални војници најавија дека главен мотив за излегувањето на улица е нерешениот статус на војниците кои работат на определено време. Тие бараат системско социјално осигурување по навршувањето на 45-годишна возраст, зголемување на платите и исплата на обештетувања за поранешните припадници.

Од синдикатот упатија остри критики до Министерството за одбрана и поднесоа пријава до Обвинителството, тврдејќи дека се врши притисок врз војниците за да се спречи нивното присуство. Од друга страна, дел од армиските синдикати се оградија од протестот, нарекувајќи го политички мотивиран и воден од лични интереси.

Прочитајте за ...

Leave a Comment