ПОТСЕТНИК: Задолжителна зимска опрема од 15 ноември!

Од 15 ноември до 15 март стапува на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без разлика на моменталните временски услови.

Што треба да имате во вашето возило?

Зимски гуми на сите тркала (минимална длабочина на шара од 4 mm за патнички возила).

ИЛИ Летни гуми (минимална шара од 4 mm) + соодветни синџири за снег во багажникот.

⚠️ Глобата за непочитување на оваа обврска изнесува 45 евра, со можност полицијата веднаш да го исклучи возилото од сообраќај доколку условите на патот се зимски, а вие немате опрема.

Проверете ги гумите навреме и возете безбедно! 🚗❄️

Прочитајте за ...

Leave a Comment