Известувањата од АСМС евидентирани во 04 часот утрово се следни:
:Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – с.Чегране поточно во с.Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд.
Сообраќајот се пренасочува од с.Чајле кон с.Старо Чајле према с.Форино
Воведена е забрана за сообраќај на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон с.Тумчевиште и с.Чегране.
Патот кон село Герман е блокиран кај с. Станча, од паднато дрво-бор и истиот не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот.
фото илустрација