По потреба?

Многу лесно е да се глуми загриженост за граѓаните на социјалните мрежи и да се пишуваат патетични статуси,особено кога се соголуваат сопствените политички фрустрации.

Но, граѓаните на Битола и Пелагонија имаат одлично памтење и веќе не наседнуваат на евтин популизам од луѓе чија единствена цел е борбата за власт и функции.Лицемерно е да зборува и глуми заштитник на народот, личност која со години беше дел од локалната власт .

Кога со години седиш на висока функција, кога си дел од политичкиот естаблишмент и директно влијаеш на локалните коалиции и политики, тогаш си соучесник во сè што (не) се направило за овој регион или не? .

Народот е уморен од политичари кои се „секогаш загрижени“ само кога се во опозиција или кога ќе ги изгубат позициите на моќ, а кога се внатре во системот, ги забораваат истите тие патишта по кои наводно толку многу страдаат.

Регионот навистина заслужува и одговорност од централната власт, но најмалку што му треба е лажен морал и глумење жртва од луѓе кои со години беа дел од проблемот, а не од решението.

Прочитајте за ...

Leave a Comment