Најтешкиот пораз што еден човек може да го доживее не е кога ќе го изгуби своето место на сцената, туку кога ќе одбие да прифати дека рефлекторите природно се поместуваат кон други. Моментот кога туѓиот успех и вработување почнуваат да предизвикуваат гнев и завист, наместо почит, е аларм кој покажува дека суетата ја надвладеала реалноста.
Да сакаш сцената да биде резервирана само за тебе, и тоа по секоја цена, е заслепеност од која тешко се излегува. Тоа е одбивање да се согледа дека секое време носи свои луѓе, свои нови енергии и нови успеси.
Кога реалниот простор за докажување ќе се стесни, тогаш социјалните мрежи како Фејсбук стануваат последното засолниште за „чаламење“ и лажен сјај. Преку статуси и виртуелен шум се создава илузија на незаменливост, додека во реалноста останува само горчината од поминатото време.
Најголемата стапица во овој процес е упорното префрлање на вината врз околината. Многу е полесно да се поверува дека целиот свет е неправеден, отколку да се погледне во огледало.
Славата не е приватен имот што може да се затвори во фиока и да се чува вечно. Животот бара континуитет, а тоа значи дека и други мора, треба и заслужуваат да одат напред.
Ослободувањето од егото и прифаќањето на туѓиот успех не е пораз, туку единствениот начин да се зачува сопственото достоинство но очигледно секој го нема