Читател испрати фотографија и наведе: 5 години стои вака
прочитај повеќеГодина: Г
Утрински фотографии од читатели
Боја по тротоар и коловоз
прочитај повеќеДОКОГА ЌЕ ГО УНИШТУВАМЕ СОПСТВЕНИОТ ГРАД? ПАК СЕ ФРЛА ЃУБРЕ ВО ДРАГОРОТ!
По којзнае кој пат, сведоци сме на срамни и поразителни слики од коритото на нашата река Драгор. И покрај сите апели, акции за чистење и предупредувања, несовесни поединци и понатаму ја третираат реката како депонија за фрлање отпад. Водата носи сè, но срамот останува на брегот! Фрлањето пластика, градежен шут, кеси и секаков вид отпад не е само одраз на елементарна некултура, туку е и директен напад врз здравјето на сите битолчани, врз животната средина и ликот на нашиот град. Реката не е канта за ѓубре
прочитај повеќеРазбиена е криминална група која 15 години била недопирлива за органите на прогонот,вели Тошковски
-Станува збор за разбивање на една организирана криминална група, многу сериозна криминална група којашто добар дел од таа организирана криминална група повеќе од 15-тина години го правела тоа што го правела и биле недопирливи за органите на прогон, истакна Тошковски. Во текот на вчерашниот ден биле извршени околу триесетина претреси, а околу 21 лице ќе бидат опфатени во првичната кривична пријава. Според Тошковски, постојат основани сомненија дека дел од групата во изминатиот период дејствувала и на територијата на Грција, во областа на Халкидики и Калитеа, каде што се сомничи за…
прочитај повеќеИ пред 100 години, Широк Сокак бил центарот на градскиот живот
Повеќето од раскошните неокласични, барокни и ренесансни куќи и конзулати изградени на крајот на XIX век сè уште биле тука, давајќи ѝ на Битола вистински европски лик. Офицерскиот дом бил главното збирaлиште за елитата каде се организирале свечени балови, додека Саат-кулата неуморно го отчукувала времето во срцето на градот. Битола претрпела огромни штети за време на Првата светска војна како дел од Македонскиот фронт. Во 1920-тите сè уште се работело на обнова на разурнатите објекти, а во април 1922 година градот доживеал уште една катастрофа кога експлодирал преостанатиот магацин за…
прочитај повеќеВремето денеска сончево и топло со мала облачност
Октомври ќе започне со вистинска температурна разлика меѓу утрото и попладнето. Во четврток, во Скопје се очекува претежно ведро време, со минимална температура околу 7 степени и максимална до 24 степени. Веројатноста за врнежи е многу мала. Тоа значи дека раното утро ќе бара јакна или потопол слој облека, но попладневните температури повторно ќе бидат пријатни. Во петок, времето ќе биде нешто пооблачно, но температурата повторно ќе достигне околу 24 степени. Утрото ќе биде уште посвежо, со минимални температури околу 6 степени.
прочитај повеќеОбвинение за пет лекари од битолската болница за смрт на 40-годишна пациентка
Битолското обвинителство поднесе обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти под обвинение за несовесно лекување на 40-годишна пациентка, на која и ја влошиле состојбата по што починала. -Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” за сторени – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тие се обвинети дека во периодот од 28.05.2024 до 04.06.2024…
прочитај повеќеДодека светот оди напред, во Битола сè уште се тера по старо -по канцеларии
Во развиениот свет, модерната политика одамна излезе од четирите ѕида на партиските седишта. Во САД, Скандинавските земји и Западна Европа, политичарите не чекаат граѓаните да им дојдат на нозе – тие одат кај нив. Таму редовно се организираат таканаречени „Town Hall meetings“ (отворени средби во локални домови на култура, паркови или пазари), каде што секој може да пријде и да разговара без никаква претходна најава. Исто толку популарни се и маалските прошетки или непосредните средби на кафе во локални кафулиња, познати како „Coffee with your representative“. Предноста на ваквиот пристап…
прочитај повеќеКрстовден е празник на пост и покајание
Воздвижение на Чесниот Крст Крстовден — значаен христијански празник од есенскиот циклус, еден од 12те големи празници, којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 14 септември, односно на 27 септември по стариот календар. Крстовден е празник на пост и покајание. Овој ден се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос, наречен Чесен Крст, и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. На овој ден верните се потсетуваат на распнатиот Богочовек,…
прочитај повеќеЧифлигароски се предал на граничниот премин „Свети Наум“
Бизнисменот Стојан Чифлигароски, кој е осомничен во предметот „Синџир“, се предал на граничниот премин „Свети Наум“. Информацијата ја потврди и Министерството за внатрешни работи. објави Скопје1.мк Од МВР информираат дека на 22 септември, при влез на граничниот премин „Свети Наум“, полициски службеници го лишиле од слобода С. Ч. (44) од Охрид, со живеалиште во Битола. „Лицето се барало по централна потерница распишана по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, соопштија од МВР.
прочитај повеќе