Во развиениот свет, модерната политика одамна излезе од четирите ѕида на партиските седишта. Во САД, Скандинавските земји и Западна Европа, политичарите не чекаат граѓаните да им дојдат на нозе – тие одат кај нив. Таму редовно се организираат таканаречени „Town Hall meetings“ (отворени средби во локални домови на култура, паркови или пазари), каде што секој може да пријде и да разговара без никаква претходна најава.
Исто толку популарни се и маалските прошетки или непосредните средби на кафе во локални кафулиња, познати како „Coffee with your representative“.
Предноста на ваквиот пристап е огромна – сè делува многу поприродно, отворено и непосредно. На тој начин се стигнува и до оние граѓани кои се премногу зафатени, срамежливи или едноставно немаат навика да кренат телефон, да закажуваат термини и да влегуваат во партиски канцеларии.
За жал, кај нас во Битола сè уште се тера по стариот, крут децениски шаблон.
Политичкиот и граѓанскиот ангажман сè уште е затворен во канцеларии, со однапред закажани протоколи кои често создаваат бариера меѓу самите граѓани и оние кои треба да ги застапуваат нивните интереси.
На Битола ѝ е потребна жива, отворена и теренска комуникација – таму каде што навистина пулсира градот, на Широк Сокак, во маалата и меѓу народот.
Таму треба да сте ,меѓу граѓаните!!!