Бизнисменот Стојан Чифлигароски, кој е осомничен во предметот „Синџир“, се предал на граничниот премин „Свети Наум“. Информацијата ја потврди и Министерството за внатрешни работи. објави Скопје1.мк
Од МВР информираат дека на 22 септември, при влез на граничниот премин „Свети Наум“, полициски службеници го лишиле од слобода С. Ч. (44) од Охрид, со живеалиште во Битола.
„Лицето се барало по централна потерница распишана по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, соопштија од МВР.