Вкусното тавче гравче скоро и да нема трпеза на која не учествувало. Вредните раце на домаќинките одамна знаат да подготват вкусно тавче гравче. Бабичката Софка која вешто готви ни откри свој начин на подготовка на тавче гравче.
Рубриката Ваши теми ја посветуваме на домаќинките во која им отстапуваме место за нивните готварски вештини, рецепти при што можат на оваа наша покана да ни праќаат фотографии и рецепти во порака со цел , корисно дружење и споделување со јавноста и љубителите на вкусни јадења/
500гр грав
250гр масло
3 главици кромид
2 суви пиперки
1 главица лук
сол
црвен пипер
магданос
црн пипер
Гравот се вари, но да се внимава да не е преварен. Во земјена тава се става маслото и кромидот да се пржи. Откако се изпржи кромидот, се става црвен пипер и во тавата се претура сварениот грав.
Се меша добро и се додава водата во која се варел гравот, се посолува, се редат сувите пиперки, се става надолжно исечен лук, магданос и црн пипер и се става во рерна да се пече.
Супер едноставно и ептен вкусно!
Наздравје!