Добрите луѓе денес се реткост, но токму затоа се толку вредни. Тие не викаат гласно за својата добрина, туку тивко оставаат траги во срцата на другите. Ќе ги препознаеш по искрената насмевка, по раката подадена без интерес и по зборовите што лечат кога најмногу боли.
Во свет каде што многумина брзаат и забораваат на човечноста, добрите луѓе се како светилки во темнината. Не ги среќаваме често, но кога ќе се појават – го менуваат денот, понекогаш и целиот живот.
Затоа, кога ќе сретнеш добар човек – задржи го. А уште подобро, труди се и ти да бидеш еден од нив.
Снежана