Училиштата се празнат, градовите стареат, а плачот на новороденчињата во родилните сали станува сè поредок феномен.
Најновите дефинитивни податоци на Државниот завод за статистика го потврдуваат она од што јавноста најмногу стравуваше – бројот на новородени деца во земјава не само што не напредува, туку е во слободен пад.Официјалните бројки за последните три години покажуваат континуиран негативен тренд.Во 2023 година во Македонија се родени 16.737 деца, што претставуваше остар пад од дури 7,4% во споредба со претходната година.Трендот продолжи и во 2024 година, кога бројката падна на 16.061 дете
Најновите податоци од изминатата 2025 година носат нов историски минимум – родени се само 15.850 бебиња.За каква состојба станува збор, најдобро илустрира споредбата со 2010 година, кога во земјава имаше рекордно високи 24.296 новороденчиња. Статистиката открива уште еден загрижувачки факт. Природниот прираст во најголем дел од регионите во државата е во длабок минус. Единствено Скопскиот регион сè уште го одржува бројот на родени деца поради внатрешните миграции, додека Источна и Југозападна Македонија буквално демографски згаснуваат.Алармот е одамна вклучен. Ако државните стратегии за поддршка на младите парови останат само на хартија, прашање на време е кога празните училишни клупи ќе станат секојдневие не само во селата, туку и во најголемите градови на земјава