вто. Ное 10th, 2026

Битолчанец возач фатен двапати во два дена со над 3 промили алкохол доби 8 дена притвор!

Неодговорноста на патиштата загрозува животи – битолчанец возач фатен двапати во два дена со над 3 промили алкохол доби 8 дена притвор!

Секторот за внатрешни работи Битола упатува сериозен апел до сите учесници во сообраќајот за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи, по еклатантен пример на свесно загрозување на јавната безбедност регистриран викендов во Битола.

Полициски службеници од СВР Битола, во рок од само 48 часа, двапати лишија од слобода исто лице кое управувало возило под дејство на енормно количество алкохол во крвта. На лицето веќе му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена.

Хронологија на настаните:

На 07.11.2026 година во 21:30 часот, на паркинг просторот пред спортската сала „Боро Чурлевски” во Битола, полициски службеници го лишија од слобода Х.Ј.(29) од Битола. При контрола, тој управувал возило „мерцедес” со битолски ознаки со измерени 3.23 промили алкохол во крвта.

На 09.11.2026 година во 02:41 часот, на ул. „Партизанска“ во Битола, истото лице (Х.Ј.) повторно е запрено со возилото „мерцедес“, при што алкотестирањето покажало дури 3.50 промили алкохол во крвта, по што повторно е лишено од слобода.

Поради тежината на прекршоците и рецидивизмот (повторување на делото), на возачот му е одредена мерка притвор од 8 дена, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни кривични и прекршочни поднесоци.

СВР Битола

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *