Легализирал дивоградба и оттуѓил државно земјиште во селото Куклиш – кривична за Костадинов и уште две лица, едно од нив од Битола

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36) од Струмица, во времето на сторување на кривичното дело градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) од Струмица, во времето на сторување на кривичното дело раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица и Ј.П.(60) од Битола, во времето на сторување на кривичното дело управител на правно лице од Битола (сега ликвидирано) поради основано сомневање дека К.К. и С.Р. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 ст.1, а Ј.П. сторил кривично дело „фалсификување исправа“ казниво по чл.378 ст.1 од КЗ, соопштија од МВР.

„К.К. и С.Р. во 2022 година ја злоупотребиле својата службена положба така што овозможиле на правно лице да легализира бесправно изграден објект на парцела во с.Куклиш. Имено, легализацијата е извршена така што од страна на С.Р. било побарано од Ј.П. да изготви елаборат за бришење на објекти на катастарска парцела во Куклиш и таквиот елаборат да го искористат за бришење на објекти кои биле во сопственост на Општина Струмица, со цел катастарската парцела да добие чист имотен лист. Од страна на Ј.П. е изготвен елаборат и технички извештај со невистинита содржина дека на лице место не постојат објекти и како такви се употребени при процесот за бришење на објекти кои биле во сопственост на Општина Струмица, а изградени на катастарската парцела во сопственост на РС Македонија. Со овие дејствија, пријавените му овозможиле на Т.Ј. од с. Куклиш да се стекне со противправна имотна корист, со тоа што од страна на првопријавениот е издадено решение за легализација на бесправно изграден објект, со кое му се легализирале објект – зграда бр. 1 со намена И4-Б (стовариште) во приземје ниво 1 со внатрешна површина на деловен простор од 161 м2 на катастарската парцела и со таквата постапка исто така му овозможиле да изврши откуп на земјиштето под зграда, да изврши отуѓување на земјиште со површина од 866,46 м2 во сопственост на РС Македонија и да се запишат на негово име со право на сопственост.

Исто така, од страна на првопријавениот и второпријавената не биле земени во предвид околностите дека во претходниот период имало водена постапка против Т.Ј. и во 2016 година е донесена пресуда од Виш управен суд, со која се одбива жалбата на Т.Ј. односно му се одбива барањето за легализација на бесправен објект, со образложение дека објектот е на парцела на која право на сопственост на објект има Општина Струмица. Исто така, и во 2019 година е донесена пресуда од Виш управен суд, со која се потврдува дека Т.Ј. има изградено објект без соодветно одобрение за градење. Врз основа на вака констатирана состојба од страна на овластен градежен инспектор при Општина Струмица на Т.Ј. му е издадено решение со кое му наредил да ја отстрани градбата, а спротивно на сето тоа пријавените овозможиле корист на Т.Ј., а штета на Општина Струмица и Р.С. Македонија“, велат од МВР.

  • останати написи

    Кривична пријава за „проневера во службата“ и „перење пари и други приноси од казниво дело”
    • октомври 16, 2026

    повеќе

    Полицаец не дарувал крв, а фалсификувал потврди за да добие платено отсуство
    • октомври 15, 2026

    повеќе

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Можеби ве интересира

    Костадинов се огласи на социјалните мрежи

    • октомври 16, 2026
    • 90 views
    Костадинов се огласи на социјалните мрежи

    Легализирал дивоградба и оттуѓил државно земјиште во селото Куклиш – кривична за Костадинов и уште две лица, едно од нив од Битола

    • октомври 16, 2026
    • 191 views
    Легализирал дивоградба и оттуѓил државно земјиште во селото Куклиш – кривична за Костадинов и уште две лица, едно од нив од Битола

    Кривична пријава за „проневера во службата“ и „перење пари и други приноси од казниво дело”

    • октомври 16, 2026
    • 171 views
    Кривична пријава за „проневера во службата“ и „перење пари и други приноси од казниво дело”

    Тодор „Тоше“ Проески останува незаборавен музички великан и симбол на хуманост

    • октомври 16, 2026
    • 37 views
    Тодор „Тоше“ Проески останува незаборавен музички великан и симбол на хуманост

    Денес се одбележува споменот на Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит

    • октомври 16, 2026
    • 29 views
    Денес се одбележува споменот на Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит

    Руските власти го уапсија главниот уредник на „Нова газета“

    • октомври 15, 2026
    • 9 views
    Руските власти го уапсија главниот уредник на „Нова газета“