Според официјалната прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови ќе преовладува стабилно и променливо облачно време со засилен ветер. Единствен исклучок е петок, кога под влијание на влажен бран ќе има слаби локални врнежи од дожд во пониските места и слаб снег на планинските врвови. Во градовите сè уште е рано за снежни врнежи, а дневните температури деновиве ќе достигнуваат и до 20 степени
прочитај повеќеМесец: м.г
Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
Шумската полиција спровела засилени акции против нелегалната сеча низ целата држава, при што во текот на септември и во почетокот на октомври биле запленети над 500 кубни метри нелегално исечена дрвна маса и поднесени 140 пријави. Привремено се одземени 13 товарни и 17 патнички возила, девет трактори, како и моторни пили, приколки, секири и други предмети употребени за незаконска сеча и превоз на дрва.- објави МЗШВ Акциите се спроведувале паралелно со секојдневни редовни контроли, со посебно внимание на подрачјата каде што поизразено дејствувале организирани групи на дрвокрадци. Контролите биле насочени…
прочитај повеќеЗАКОНИ НА ХАРТИЈА, ЛАВИРИНТИ ВО ПРАКСА: Дали некој и зошто ги „јаде“ роковите на граѓаните?
Дали новите предлог измени на Законот за домување, кои треба да донесат ред, заштита и правна сигурност за граѓаните, уште на самиот старт удираат во најтврдиот бедем на нашето општество – бавната и неефикасна администрација? Дали додека пратениците во Собранието ќе изгласуваат закони со амбициозни и строги рокови, реалноста на шалтерите е поразителна?Како се очекува граѓаните да ги исполнат своите законски обврски, кога за еден документ треба да се чека повеќе од 30 дена? Дали е ова само несреќна случајност, лош тајминг или уште еден показател за системскиот колапс на…
прочитај повеќеЖив светец меѓу народот
Кога ќе дојде декември и зимскиот студ ќе ги зафати македонските улици, во домовите почнува да се чувствува една поинаква, празнична топлина. Велат дека на овој ден „половина Македонија слави, а другата половина оди на гости“. И навистина е така. Свети Никола Зимен не е само црковен датум, туку жив мост меѓу генерациите, симбол на нашата опстојба и верност кон обичаите. Подготовките започнуваат денови претходно, но сржта на празникот е во пресрет на денот. Домаќините го носат славскиот колач (погача), пченицата (панагија) и црвеното вино во црква на осветување. Овие…
прочитај повеќеОд вечерва му истекува куќниот притвор на Груби,тој може да се брани од слобода
Мерката куќен притвор за Артан Груби, обвинет во предметот „Државна лотарија“, истекува вечерва на полноќ. Во меѓувреме, Кривичниот суд во Скопје сè уште нема донесено одлука по неговото барање за враќање на пасошот, за кое е понудена имотна гаранција. По завршувањето на мерката, Груби ќе може да се брани од слобода. Тој е меѓу обвинетите во случајот во кој се истражува сомнеж за злоупотреба на службената положба и овластувањата. објави Скопје1.мк Според обвинението, Груби, како поранешен вицепремиер и претседавач со владина седница, дал согласност за набавка на видеолотариски терминали преку…
прочитај повеќеЖивотот е како неодпакуван, сосем бел лист хартија
Кога доаѓаме на овој свет, со себе носиме невиност и празнина која чека да биде исполнета со приказни, одлуки и постапки. Тој лист изгледа совршено чист, сè додека на него не се прочита напишаното. Но, она што многумина го забораваат е дека пенкалото е во наши раце, а мастилото со кое пишуваме е направено од нашите сопствени дела. Во народот често се прераскажува една стара вистина – дека сè во животот се враќа. Како ехо во празна просторија, секој наш збор, секоја намерна или ненамерна постапка, порано или подоцна ни…
прочитај повеќеВо политиката устата од срцето е далеку
Поговорката дека во политиката устата е далеку од срцето го отсликува вековниот јаз меѓу јавно кажаниот збор и искрената намера, меѓу реториката и вистината. Политиката, во својата суштина, често се дефинира како уметност на можното, на компромисот и на стратегијата. Во тој простор на постојано тактизирање, личните емоции, моралните убедувања и автентичните желби на поединецот – сè она што го симболизира „срцето“ – неретко мора да бидат подредени на прагматизмот и на интересот. Кога политичарот зборува од говорницата, неговите зборови ретко се спонтан израз на неговата внатрешна состојба. Тие најчесто…
прочитај повеќеВо среда се празнува Покров на Пресвета Богородица
Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите застапнички молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно…
прочитај повеќеВРЕМЕТО УТРЕ: Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд
Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови. Поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во Скопје, облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец УХМР
прочитај повеќеДенес, овој архитектонски бисер во срцето на Битола сè уште сведочи за богатото минато на градот
Дворот на училиштето неодамна беше обновен со спортски терени за кошарка и ракомет, кои навечер се целосно осветлени со рефлектори и се користат за спорт и рекреација на младите ОУ Гоце Делчев Битола
прочитај повеќе