Кривична пријава за „проневера во службата“ и „перење пари и други приноси од казниво дело”

На 15.10.2026 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против И.С. (47) од Скопје за „проневера во службата” (чл.354 ст.5 во врска со ст.1) и „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) од КЗ и против правно лице од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) од КЗ.

И.С. во својство на овластено лице на пријавеното правно лице, кое имало овластувања за вршење на технички преглед на возила во периодот од 01.01.2021 до 20.01.2026 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист во износ од 6.803.900 денари, изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила до Јавно претпријатие за државни патишта, Црвен Крст, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Mинистерство за животна средина и општините.

Изготвувањето на извештаите и лажирањето на податоците биле извршувани во содејство со лицето С.С., кои како овластени лица за изготвување и потпишување на фактури и доставување на извештаи до надлежните институции со цел прикривање на паричните средства на наплатените парични средства преку две правни лица и осигурително брокерско друштво од Скопје, на чии сметки биле наплаќани предвидените надоместоци, понатаму го прикривале потеклото на парите со префрлање од една на друга сметка на правните лица и мешање на истите со приходите од редовното работење по различни основи (позајмици, договори за заедничка изградба на недвижен имот, договори за купопродажба на недвижен имот и возила, преноси на средства), а со цел купување на недвижен и подвижен имот со дел од криминално стекнатите парични средства во корист на пријавеното правно лице.

Со наведените дејствија И.С. се стекнал со противправна корист во износ 6.803.900 денари по однос на надоместоци кои се наплаќале при регистрација на возила на штета на Буџетот на РСМ.

МВР

  • останати написи

    Легализирал дивоградба и оттуѓил државно земјиште во селото Куклиш – кривична за Костадинов и уште две лица, едно од нив од Битола
    • октомври 16, 2026

    повеќе

    Полицаец не дарувал крв, а фалсификувал потврди за да добие платено отсуство
    • октомври 15, 2026

    повеќе

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Можеби ве интересира

    Костадинов се огласи на социјалните мрежи

    • октомври 16, 2026
    • 90 views
    Костадинов се огласи на социјалните мрежи

    Легализирал дивоградба и оттуѓил државно земјиште во селото Куклиш – кривична за Костадинов и уште две лица, едно од нив од Битола

    • октомври 16, 2026
    • 191 views
    Легализирал дивоградба и оттуѓил државно земјиште во селото Куклиш – кривична за Костадинов и уште две лица, едно од нив од Битола

    Кривична пријава за „проневера во службата“ и „перење пари и други приноси од казниво дело”

    • октомври 16, 2026
    • 172 views
    Кривична пријава за „проневера во службата“ и „перење пари и други приноси од казниво дело”

    Тодор „Тоше“ Проески останува незаборавен музички великан и симбол на хуманост

    • октомври 16, 2026
    • 37 views
    Тодор „Тоше“ Проески останува незаборавен музички великан и симбол на хуманост

    Денес се одбележува споменот на Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит

    • октомври 16, 2026
    • 30 views
    Денес се одбележува споменот на Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит

    Руските власти го уапсија главниот уредник на „Нова газета“

    • октомври 15, 2026
    • 9 views
    Руските власти го уапсија главниот уредник на „Нова газета“