сре. Окт 28th, 2026

„МИ РЕЧЕ СВЕТА ПЕТКА“

Речиси е пладне. Размислувам, уште малку па морам да одам до болницата да го посетам брат ми на Одделот за пластична хирургија, бидејќи здравјето му се влошува од ден на ден. Уште само да соберам малку валкани алишта, да ги ставам во машината, нека пере додека се вратам.

Отворајќи ја вратата на машината, низ раката ми помина таква болка што не можев да ја помрднам. Обидов пак, болката беше уште поголема, но овој пат во пределот на градите. Напипав со другата рака, почувствував некоја израслина во горниот дел на десната града. О, Боже, ваљда не е…. не смеам ни да помислам. Се завртувам: децата мали, исто како и ние, кога мајка ни почина од карцином на дојка. Кому да му се доверам, а брат ми е веќе во болница… Никому.

Отидов во посета, го видов брат ми, тргнав низ ходникот за да ја сретнам лекарката која работеше на тој оддел.. Ѝ се извинив и ѝ раскажав сè како што е. Објаснив дека и мајка ми почина од тоа и реков, имам мали деца, на кои сега сум им најпотребна. Многу значи кога ќе наидете на добар лекар.

Ете, ја имав и јас таа среќа. Докторката Шќепановиќ реагираше веднаш и нареди да се направат сите потребни наоди, неопходни за да се добие сигурна дијагноза…. „Фиброаденом“… иако почетна дијагноза… за мене силен удар… наследниот ген – мајка ми… речиси се срушив… Целиот персонал и болницата се вртат околу мене. Се држи за столот за да не паднам, сепак паднав.

Околу мене стоеја луѓе во бели мантили. Во тој момент тешко дека тоа ме потсетуваше на рај. Ми зборуваа дека сè ќе биде добро и дека нема причина за паника. Се задржав некои час време на одделот, а потоа едвај стигнав до својата куќа… Сопругот мораше на работа. Ме чекаа децата кои беа мали. Го криев погледот од нив за да не ми ги видат солзите во очите. Низ главата ми помина мислата „Ваљда нема и со моите деца судбината да си поигра како и со мене. Да останат без мајка“. Сепак не можев да им избегам, ми ги видоа солзите и ме прашаа:

„Зашто плачеш и дали те боли нешто“?

Одговорив: „Не, сè е во ред… жал ми е за брат ми…

Децата продолжија да си играат, додека јас извршував некои работи низ куќата, бегајќи од црните мисли. Се приближуваше и ноќта, а сопругот на работа. Им спремив вечера на децата, а по тоа отидов со нив на спиење по обичај. Им раскажував некои приказни и така заспаа.

Долго не можев да му се предадам на сонот, гледајќи ги додека мирно и безгрижно спиеја покрај мене.. Помислив … „Ваљда нема БОГ да ме одвои од нив“. Размислувајќи така, низ моето тело минуваше некое немирно претчувство, па пак во себе: „Се надевам Бог ќе помогне …“ Не ми беше добро. Се онесвестив…. Не знаев кое време од денот е кога дојдов при себе, ниту што всушност се случило. Знам само, над мене стоеја моите деца кои плачеа. Ме довикуваа. Едвај станав… ги гушнав, милувајќи ги по лицата. „Ох, нема Бог да ве остави без мајка“. Легнавме сите заедно… Размислував за сè. Долго не можев да заспијам. Не знам дали беше сон или јаве, знам дека над мојот кревет стоеше жена во црно. Жена која ми е многу позната … Во левата рака држеше крст со некоја билка, а во десната синџир со крст, кој беше изработен како бројаница што се носи на рака. Се тргнав… не можам да верувам. О, Боже, дали јас ја гледам Света Петка? Дали е ова јаве или сон? Ми го мазнеше лицето, на моите деца… Ме бакна во главата, а потоа се наведна и околу мојот врат го стави оној синџир со крст што го држеше во десната рака… зборувајќи ми нешто тивок, но едвај ги слушнав овие зборови: „Не бој се, чедо, нема ти од тоа да умреш… не ти давам да ги оставиш децата“. Ме бакна и си замина.

Се тргнав. Сфатив дека ова било сон. Ја сонував Света Петка. По неколку дена повторно отидов на лекар. Мојот наод беше одличен, чист, ништо на него не можеше да се види.

Во себе проговорив: „Ти благодарам, Света Петко, ти благодарам, мајко моја“. На враќање отидов во црква и запалив свеќа. Му го раскажав сонот на свештеникот кој ми рече да си ја славам својата слава, но и Света Петка да ја прославувам.

Р. М. – Подгорица

Останати написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *