Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари работна средба со раководството и членството на Општинскиот комитет на партијата во Битола, на која се разговарало за клучните предизвици, тековните приоритети и идните планови кои имаат за цел забрзан и одржлив развој на градот.
За време на состанокот била упатена јасна порака дека гласот на секој граѓанин – секое мислење, идеја и конкретен предлог – е од суштинско значење за креирањето на идните политики.
Преку непосредна и отворена комуникација со јавноста и заедничка работа на терен се дефинираат и се градат вистинските решенија кои директно одговараат на реалните потреби на битолчани.- напиша премиерот на својата фејсбук страница.
На средбата било истакнато дека Битола сигурно напредува и заслужува континуиран развој преку имплементација на нови капитални проекти кои ќе обезбедат значително подобри услови за живот за сите генерации.
Фокусот на Владата и локалната власт останува насочен кон создавање нови можности кои ќе придонесат за посилна, економски поразвиена и попросперитетна Битола.- напиша премиерот
Завршниот заклучок од состанокот беше дека силата на организацијата лежи во единството и заедништвото со народот, а примарна обврска и одговорност на сите партиски и институционални чинители е посветената работа и испорачувањето конкретни, видливи резултати на дело
Фото:Фејсбук страница Христијан Мицкоски
